МК EN
ЗА НАС ПРОДУКТИ УПАТСТВА ПОРАЧКИ КОНТАКТ

АНТИДОЛОР Восочна плочка

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

СОСТАВ: Восок, прополис со комплекс на билни екстракти.

ДИМЕНЗИЈА: 8Х100Х200 мм

НАМЕНА: за лекување воспаление на белиот дроб, на белодробната кошулица и хронична бронхијална опструкција, бронхитис, бронхопнеумонија, бронхијална астма, астма, мигрена, спондилоза-шилци, воспаление и болки во бубрезите, јајниците. атрози – болки во зглобовите, колковите, колената, глуждовите, рамото, вратот, градите, ребрата, р'бетот, крстот, мијалгии – болки во мускулите од умор, трауми од силни удари, во ребрата и мускулите наспроти
срцето, болки пред менструален циклус. Плочката зрачи длабочински топлина, смирува брзо воспалителни процеси и предизвикува локална брза циркулација на крвта.

ДЕЈСТВО: терапија, аналгетично, антиастматично, асфиксија, антибронхијално, антибронхитпнеумонија, антигихт, антидиспнеја, пекторален, антипертусис, антиплевритис, антипневмонија, антиподагра, антиполијартритис.

НАЧИН НА УПОТРЕБА: Одвиткајте ја плочката од пакувањето и за подобар ефект пред секоја употреба загрејте ја со топла воздушна струја со калорифер, фен, ставете ја на голо, фиксирајте и поставете ја на лекуваното место. Покријте ја со подебела волнена наметка, за да се задржи температурата и да биде притисната на телото со прсти или завиткана да делува, да нема празен простор помегу плочката и телото, зашто не делува. Третираното место треба да биде во потполно мирување, да нема напрегање или движење на мускулите, па затоа плочката ставајте ја секогаш навечер пред спиење. Во случај на многу силно воспаление на белиот дроб со р'чење, болки, гушење, задув и кашлање, плочката треба да се користи без прекин деноноќно, а кога се смири воспалението, можете да продолжите со употреба деноноќно или само навечер за време на спиење, с# до целосното излекување или отстранување на хроничната опструкција. Во потешки случаи, кога има многу силно воспаление на белиот дроб со секрети кои се претвораат во гнојни апсцеси, кеси и модринки врз неговата кошулица со силни болки и стегање во градите, плочката треба да се загрева на секои 20 минути со температура појака од телесната и да се притиска на градите покриена со дебела волнена наметка за да се задржи температурата, ќе почне многу битен процес на смирување на воспалението и потребната локална силна и брза циркулација на крвта која ќе предизвика отстранување на гнојните кеси. За растурање и прекин на хронична бронхијална опструкција неопходна е употреба од најмалку 40 деноноќија, па и повеќе кај постари лица, или ако ви се изгубат во првите 10 дена симптомите и тегобите лекувањето не е завршено, туку продолжете со употребата. Кај лица со задув, гушење и оние што употребуваат пумпички за дишење ќе се ослободат од задувот, гушењето и од пумпичките доколку немаат алергија. При воспаление на белодробната кошулица со силно стегање, болката напред во градите е фронтална настинка, плочката треба да се загрева на секои 20 минути 1 до 2 часа и да се става на градите, а потоа со неа да се преспива. При болки од воспаление на бубрезите и јајниците плочката треба да се става во долниот дел на грбот наспроти местото на болките. Кога се јавуваат болки пред менструален циклус плочката треба да се става под стомакот на местото на болките. При воспаление и болки во теститите, мадињата да се скрати плочката и во извиткана форма и затоплена се става отдолу околу нив со притиснување, задржување со по тесни гаки на плочката и така да се преспива повеке вечери а може да се држи и преку ден до подполното смирување на болките. На места каде потешко ќе се монтира и стои, плочката можете и да ја пристегнете или приврзете со завој, врвка, колан или нешто друго за да не се изместува или наткрева. Бидете дисциплинирани во лекувањето на хроничните заболувања на белиот дроб, болките во мускулите и коските за што е потребно подолго време, а тоа ќе трае со редовна употреба од 20 до 100 дена, во зависност од случајот, видот на заболуването и возраста на лекуваното лице. Многу добар ефект на лекување се постигнува кога се монтира плочката на заболеното место и врз неа се стави средно дебела крпа или облека, потоа се седне, легне, или притисне телото со крпата и плочката под неа врз топла метална површина на парно греење, термо печка или греалка, кои зрачејќи интензивно топлина многу поголема од температурата на телото ја загреваат посилно плочката која зрачи, исто така, посилно спрема телото и заболеното место. Плочката не треба да се загрева повеќе од температурата на телото кога се лекуваат болки од воспален нерв како лумбаго, ишијас и слични случаи, бидејќи можете да имате и контраефект на поголемо возбудување на нервот од топлината и со подолг временски период ќе го постигнете посакуваниот ефекет на лекување. По потреба, ако плочката треба да се става на колената или други помали зглобови, заболени места, мали деца, бебиња неа може и да ја исечете со остар нож на 2 до 3 или повеќе делови со употреба на горенаведениот начин. Во текот на употребата ако плочката се скрши или распадне, или пак ја изгуби формата, не ја фрлајте, зашто со тоа таа не го губи ефектот на делување, оформете ги парчињата со нож спрема заболеното место и продолжете да ги употребувате. При лекувањето на воспалителни процеси на дишните патишта за побрз и поголем ефект на лекување, можете да употребите истовремено и некој од сирупите за таа намена, како ИМПУЛОН, ПУРАДОН, ТУСАФИН, ТУСАРОН. При лекувањето на болки од синуси со плочката на челото истовремено може да ги употребите и НАЗАЛИН капките, маста и маслото за лекување на синуси. При лекувањето на мијалгии и атралгии, на болки во мускулите и коските и зглобовите истовремено можете да ја употребите и маста ДОЛОРОН и маста и прашокот АТРОЗОН за соодветната намена од листата на производи на нашата фирма. Предноста на восочната плочка за лекување на горенаведените заболувања е во тоа што за надворешна употреба за разлика од други средства кои се употребуваат внатрешно. Восочната плочка е за повеќекратна употреба со различна намена и може да се употребува и фамилјарно за деца и возрасни во горенаведените случаи на лекување. По секоја употреба, уште во топла и мека состојба ставете ја плочката на рамна површина, притиснете и исправете ја и чувајте ја чиста и завиткана на собна температура.

ПРОТИВДЕЈСТВО: Алергични на цветен прав да не ја употребуваат восочната плочка. За процесот на терапија, за посакуваните и несакани ефекти слободно информирајте се во секое време во фирмата производител.

НАПОМЕНА: Плочката во студена состојба не треба да се витка, зашто лесно се крши!!!
Да се внимава на лекуваното лице ако има температура и со ставањето на плочката ако му се слоши од зголемена температура, извадете ја за кратко време плочката за да се смири и пак поставете ја. За симнување на температурата на челото ставете навлажнета крпа со студена вода вода. Доколку лицето што се лекува почне да се поти треба да се остави да се препоти, да се пресоблече и пак да се стави плочката. Плочката треба да не се става на силна температура како парно греење, шпорет, термо печка или друга многу топла површина која брзо ќе ја стопи или деформира. За време на употребата на восочната плочка можна е појава на лесно воспаление на кожата со црвенило, србеж и ситни иссипувања. Не се вознемирувајте, употребете некоја од мастите ДЕРМАСАН, ФЛАМОФИН, САНДЕРМ, КОЛИТРОН, АКНИФИН производ на истата фирма, лосион ФЛАМОЛИН или било каква маст за кожа и продолжете со употреба на плочката.

 

Синуси
Бронхитис, Бронхијална астма
Воспалени крајници, кашлица
Желудник, гастритис, чир
Киселини, кила, хернија
Хелико бактер пилори
Запек, тврда столица
Хемороиди, колитиси
Простата
Бактериски инфекции на мочните канали
Кожни заболувања
Изгоретини, инфекции, рани
Акни, мозолки
Габични инфекции на ноктите
Габична инфекција на кожата
Дамки бели, црни, кафени
Габици на прстите на нозете
Околу гениталиите
Канцер, мелиген, бениген
Гингивитис, парадентоза
Воспаление на очите
Воспаление на ушите
Внатрешни бактериски инфекции