МК EN
ЗА НАС ПРОДУКТИ УПАТСТВА ПОРАЧКИ КОНТАКТ

ФЛАМОЛИН лосион

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

НАМЕНА: За лекување на кожни исфрлувања со силен србеж, на кожни габични дамки: бели, црвени, кафени, црни. При габично спарување околу прстите на нозете и по стапалата, со или без србеж, со или без лупење на кожата, со или без исфрлувања на мали мозолчиња кои при стискање испуштаат бистра водичка. При габично спарување околу гениталиите со изразито жар црвенило, со или без србеж, или лупење на кожата. Габична инфекција на кожата на косата со силен и постојан србеж, со постојано лупење и појава на првут со крупни лушпи, со создавање мали тврди мозолчиња и ранички со силно и постојано чешање. Габични црвени или темни дамки на лицето околу носот, устата, брадата, вратот и на други места. Кожни габични инфекции на рацете со ситно испукана кожа, отечена и здебелена и постојан србеж. Лекување на чиреви, цисти, воспаленија од градежни материјали, хемикалии, детергенти, убоди од инсекти. Лекување последици од алергија, црвенило, исфрлуванија, србеш, ситни бубулици. За лекување на акни-мозолки. При псоријаза го неутрализира србежот, ги затвара пукантините и ја омекнува кожата.

ДЕЈСТВО: терапија, торефакцијонална, адстрингенсно, антимикотично, антисептично, антифлогистично, антибактерицидно, антидерматитично, антиекзем, молиенција, антиинфламација, инхибиција, антиимпетиго, антипиоген, хемостатично.

НАЧИН НА УПОТРЕБА: Двапати дневно наутро и навечер во сите случаи на лекување на габички, на последици од алергии, на кожни воспаленија да се навлажни парче памук со лосионот и од едниот крај на третираното место кон другиот да се топи местото на делови без да повторувате, да се враќате или да масирате лево-десно, правете само едно поминување. Кожата на лицето и понежните делови на телото е почувствителна и е можно да направите лесно воспаление со лосионот ако ја преоптоварите кожата, па поради тоа на овие места ставајте еднаш наутро или навечер и тоа секој втори или трети ден. Кога габичното заболување трае повеќе години и кожата е оштетена, разјадена, огрубена, испукана, со исфрлени мали или поголеми мозолчиња, потребна е истовремена употребата на маст ДЕРМАСАН или НАЗАЛИН. Во сите наведени случаи со употреба на лосионот при чистење на габичките се јавува силно печење, жежење, или тоа е доказ дека се во прашање габички по кожата кои го “разјадуваат” горниот слој на кожата и се отворени порите во кои влегува лосионот и има печење, додека на здрава кожа нема печење или нема отворени пори. Со употребата на лосионот и појавата на печењето е малку непријатно, но тоа е доказ дека има габички, ќе се затегне кожата и по неколку дена ќе почне ситно да се лупи на дамките и покрупно кога е спарена кожата на прстите на нозете, или се појавува процес на чистење на заболената кожа. Кога почнете со терапија од почеток доколку дојде до многу силно печење кое не можете да го поднесувате, веднаш намачкајте и неутрализирајте со ореспоменатите масти или со зејтин. Кога е послабо подносливо печењето истрпете го без да ставате масти и масла, за да “изгорат” габичките, а во текот на терапијата постепено печењето ќе се смирува и ќе исчезне. Во сите случаи на третираните заболени места треба да се изолираат местата од вода или да бидат што посуви, да нема често миење, навлажнување и да се проветруваат и сончаат заболените места, зашто габичките се множат на база на влага и топлина и спарување во затворени делови од кожата, како што е кожата околу прстите на нозете и околу гениталиите. Очите треба многу да се чуваат од лосионот и кога има габични дамки околу нив да се третираат со малку навлажнето памуче и се топи од очите кон челото во легната положба и од очите надолу по лицето во исправена, стоечка положба. Во текот на терапијата и употребата истовремено на лосионот и некоја од мастите, доколку почне заболеното место да се вцрвува повеќе и се јавува србеж, прекинете ја употребата на маста, зашто има некои видови на габички кои се “хранат” од мастите и се активираат. Во текот на употребата на лосионот ако заболеното и третирано место од кожата почне да ве боли, да се отвораат мали ранички или поцрвенее видливо кожата истата е преоптоварена од јачината на лосионот или се добие лесно воспаление на кожата, не се вознемирувајте и прекинете ја неколку дена употребата на лосионот или дотогаш додека се смири кожата, а тоа можете брзо и успешно да го направите со помош на маста ДЕРМАСАН или некоја друга што ја имате на располагање. Кога ќе се смири кожата почнете пак со употреба на лосионот, но терапијата да биде поретка од претходната, зашто вашата кожа е многу чувствителна на лосионот кој треба да има таква јачина за да може ги уништи габичките. Три пати дневно при спарена кожа на стапалата и на прстите на нозете треба да се употребува лосионот со нивно целосно промивање одозгора и одоздолу. Кожата ќе почне да се лупи со поголеми лушпи, парчиња кои не треба да ве загрижуваат, или се чисти заболената кожа која треба да отпадне. Во сите случаи кога ќе ги снема видливо габичните дамки и ќе се возобнови кожата, продолжете со поголем интервал на употреба уште некое време, за да може целосно да се уништат габичките, зашто ако останат некаде во порите на кожата или некои мали дамки што не сте ги виделе и не сте ги третирале, тие се множат и пак ќе го направат истиот проблем во одреден преиод на време. При појава на габички во кожата на рацете со оток и на мали парченца првут на кожата и на главата со поголеми лушпи, ќе треба подолг период на време за да се исчити, и тоа од 2 до 3, па и повеќе месеци, во зависност од случајот.

ПРОТИВДЕЈСТВО: Можна е појавата на лесни кожни воспаленија, ако се преоптовари кожата или се става повеке од пропишаното. Во такви случај паузирајте со ставањето некое време да се смири кожата.

НАПОМЕНА: Да се чуват многу очите од лосионот. Во случај ако ви капне капка во нив, промивајте ги очите веднаш со студена вода. За лекување на очите употребете капките за очи ВИДАДОН производ на истата фирма. Придржувајте се доследно кон упатството за употреба.

Датумот на производство и рок на употреба се дадени на пакувањето на лосионот.

 

Синуси
Бронхитис, Бронхијална астма
Воспалени крајници, кашлица
Желудник, гастритис, чир
Киселини, кила, хернија
Хелико бактер пилори
Запек, тврда столица
Хемороиди, колитиси
Простата
Бактериски инфекции на мочните канали
Кожни заболувања
Изгоретини, инфекции, рани
Акни, мозолки
Габични инфекции на ноктите
Габична инфекција на кожата
Дамки бели, црни, кафени
Габици на прстите на нозете
Околу гениталиите
Канцер, мелиген, бениген
Гингивитис, парадентоза
Воспаление на очите
Воспаление на ушите
Внатрешни бактериски инфекции