МК EN
ЗА НАС ПРОДУКТИ УПАТСТВА ПОРАЧКИ КОНТАКТ

 

ИМПУЛОН сируп

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

СОСТАВ: Екстракт од млади зелени ореви со природен јод, витамин Ц, домашна првокласна ракија, прополис, шекер, висококвалитетен планински мед.

НАМЕНА: За лекување воспаление на крајници, грло, бронхитис, бронхопнеумонија, бронхијална астма, грип, настинка, кашлање, за искашлување. Лекување и прекин на гушење и задув ако нема алергија. Лекување грип и настинки. За стимулирање на работата на тироидната неактивна жлезда, кога таа не лачи јод. За лекување на неуроза, стрес, депресија, внатрешна нервна напнатост. За стекнување сила и издржливост на организмот за спортисти и луѓе кои се занимаваат со интелектуална работа. За возобновување и акумулирање сила на организмот по те шко или долготрајно боледување. За зајакнување на имунолошкиот систем. За поттикнување на апетит. Сирупот содржи природен јод естракт од орев кој ги прочистува крвта и организмот од вируси и бактерии. Профилактична употреба и за здрави луге за одржување на имунитетот и силата на организмот и превентива од нападот на вируси и бактерии во студените сезони. Сирупот е многу вкусен,
сладок и е прифатлив од бебиња и мали деца. При лекување на силно воспаление на белиот дроб или на хроничен бронхитис со опструкција, со или без р'чење, гушење и задув, треба истовремено да се употреби надворешно на градите и восочната плочка АНТИДОЛОР.

НАЧИН НА УПОТРЕБА: 3х2 големи лажици за возрасни. 3х1 голема лажица за деца над 10 год. 3х1 мала лажица за деца под 10 год. Да се пие бавно на мали голтки со задржување на грлото и на градите. При лекување силно воспаление на крајници, грло, бронхитис, бронхопнеумонија, бронхијална астма, кашлање, за искашлување, олеснување на тегоби при астма. За време на такво силно воспаление на крајниците, грлото има црвенило, оток, се јавува силно кашлање и гнојни бели наслаги врз крајниците и во грлото, се одржува и постојана висока температура, ќе се разнесат и елиминираат гнојните наслаги, а ќе се намали и температурата, ќе се смири воспалението, отокот и кашлањето со пиење на сирупот на секои 10 до 20 минути по една голтка со задржување врз крајниците и грлото 1 до 2 часа и повеќе, по потреба. Потоа продолжете со употреба на секои 30 минути првиот ден – два или три, по потреба, а потоа понатаму продолжете според горенаведениот начин на употреба. При лекување на задув и гушење да се пие по една до две лажици при секој напад на задув и гушење. Доколку лекуваното лице добива напади на задув и гушење, треба првин да се употреби и восочната плочка АНТИДОЛОР за целосно смирување на задувот и гушењето, а потоа можете да го продолжите третманот со сирупите ПУРАДОН, ИМПУЛОН, ТУСАФИН. При бронхијална астма со хронична опструкција на белиот дроб и дишните патишта на градите, со или без силно воспалително жариште, восочната плочка ќе ги смири и ќе ја разнесе опструкцијата засекогаш или бронхијалната астма ќе се прекине ако нема алергија. Значи, лицата со бронхијална астма, со напади на задув, гушење и употребата на спрејови и пумпички за олеснување на дишењето, ќе се ослободат засекогаш од задувот, гушењето и употребата на пумпичките ако не се алергични, а ако се алергични ќе се намалат тегобите. Во потешки случаи, кога има многу силно воспаление на белиот дроб со секрети кои се претвораат во гнојни апцеси, кеси и модринки врз неговата кошулица со силни болки и стегање во градите, плочката треба да се загрева на секои 20 минути со температура посилна од телото и да се притиска на градите покриена со дебела волнена наметка да се задржи температурата, ќе почне многу важен процес на смирување на воспалението и потребната локална силна и брза циркулација на крвта која ќе доведе до разнесување на гнојните кеси. При хронични заболувања од бронхијална астма со опструкција ќе се прекине засекогаш со потребната временска терапија од 30 до 100 дена или 1 до 2 или 3 месеци и повеќе, во зависност од случајот и возраста. Затоа со намалувањето на тегобите и симптомите не прекинувајте со употребата на плочката и сирупите. Секое хронично заболување бара време за терапија од 1 до 3 месеци и повеке при по тешки случај и по стари лица кога организмот е по слаб, а тоа време не е долг период да се прекине хронично заболување. Токму затоа бидете дисциплинирани и употребувајте ги според нашите упатства восочната плочка и сирупите, зашто со напредувањето на возраста може де се комплицира заболувањето. Кога задувот, односно гушењето е од белите дробови, тоа фактички с# уште е фаза на бронхијална астма, а кога заболувањето ќе се префрли погоре на мазната мускултура на гркланот, тогаш веќе се појавува класична астма и при воспалителен и алергичен грч на таа мускултура доага до нивно силно притискање на гркланот, а со тоа и на душникот или воздухопроводот кој е од задната страна на гркланот и поради тоа се добиваат така брзи и силни тегоби од задув и гушење. Од тие причини, засекогаш мора да се прекине хроничната бронхијална астма како опструкција на белите дробови, зашто со тек на време може да се добие класична астма на гркланот, што е веќе потешка форма, но и потешко се лекува. За лекување грип и настинки, или силно воспаление на крајниците, грлото со црвенило, оток, силно кашлање и гнојни бели слоеви врз крајниците и во грлото кои одржуваат постојана висока температура. Ќе се избришаат гнојните слоеви и ќе се симне температурата, ќе се смири воспалението, отокот и кашлањето со пиење на сирупот на секои 10 минути по една голтка со задржување на крајниците, грлото 1 до 2 часа и повеќе, по потреба. Потоа продолжете со употреба на секој половина час првиот ден, два или три, по потреба, а понатаму продолжете по горенаведениот начин на употреба. При деца и возрастни кога не се смируват крајниците и грлото по долг временски период или за кратко време причина се синусите од каде иде постојано секрет и ги возбудува. За стимулирање на работата на пасивна тироидна жлезда. За лекување на невроза, стрес, депресија, внатрешна нервна напнатост, потребно е време од една година со строги диети, режим на биоритамот и силни позитивни човечки и природни полиња. За да се постигне издржливост на организмот кај спортисти и луѓе што се занимаваат со интелектуална работа. За возобновување на силата на организмот по тешко или долготрајно боледување. За зајакнување на имунолошкиот систем. За создавање и одржување на апетит. Сирупот содржи природен јод екстракт од орев кој ги прочистува крвта и организмот од вируси и бактерии. Профилкатична употреба и за здрави луге за одржување на имунитетот и силата на организмот и превентива од евентуален напад на вируси и бактерии во студените периоди од годината. Сирупот треба да се употребува во сите овие случаи што ги наведовме погоре. Кога лицето што се лекува има и хронични синуси треба да се употребат НАЗАЛИН капките, маста, маслото и правот според начинот за употреба на производите на нашата фирма. Кога лицето што се лекува има инцидентно или хронично воспаление на синусите, тие како горни дишни патишта во 90 отсто случаи се главна причина за заболување на долните дишни патишта, на крајниците, грлото, бронхитите и белите дробови со постојаното слевање на кисели секрети, со или без вируси, со брзо и постојано надразнуване на крајниците, грлото, бронхитите и белите дробови.

ДЕЈСТВО: терапија фитофармакозна, симптоми, синдроми бронхитис, пневмонија, бронхитпнеумонија, бронхијална астма, плевритис, бронхијална опструкција, антибактерицидно, аналгетично, антисептично, антифлогистично, антиастматично, антидиспнеја антиасфиксија, лаксативно, пургативно, пурификацијоно, адстрингенси, спазмолитично, антиинфламација, тонзиле, глосистис, ларинкс, фарангитис, антипиоген, антиекскреција, антисупурација, антисаливација, антисекреција, антислуз, антимукус, антитусика, пекторален, антипертусис, тусисаеросоли, антиастенија, инхибиција хроничен бронхитис, бронхитпнеумонија, бронихијална астма, плевритис, катар, резистенција, имунитет.

НАПОМЕНА: За мали деца под 10 години употребувајте го сирупот ИМПУЛОН или ТУСАФИН од причини што мало дете колку и да е ефикасен сирупот, ако не му е вкусен, сладок во устата, тоа не го пие и дава отпор. Сирупите ИМПУЛОН и ТУСАФИН се многу ефикасни и многу вкусни, сладки, и малите деца ги пијат со задоволство.

ПРОТИВДЕЈСТВО: Дијабетичари и алергични на цветен прав не треба да го употребуваат сирупот. Кога сте алергични на кукен прав или други алергенси или само на пролет на цутеж најдобар тест е јадењето на мед кој има по голем процент на полен. Тестирајте се со мед неколку дена и јадете по една лажица на утро и навечер, ако ви пречи медот не ке можете да го употребите и сирупот, ако не ви пречи медот слободно можете да го нарачете и употребите сирупот.

НАРАЧКА: Со нарачка од 500 мл ке имате за 12-15 дена употреба, 1 л за околу 25 дена, 2 л за околу 50 дена. Или за редовна терапија од 50 дена е потребно 2 л сируп.

Датумот на производство и рокот на употреба е наведен на пакувањето на сирупот. Да се чува на собна температура.

 

Синуси
Бронхитис, Бронхијална астма
Воспалени крајници, кашлица
Желудник, гастритис, чир
Киселини, кила, хернија
Хелико бактер пилори
Запек, тврда столица
Хемороиди, колитиси
Простата
Бактериски инфекции на мочните канали
Кожни заболувања
Изгоретини, инфекции, рани
Акни, мозолки
Габични инфекции на ноктите
Габична инфекција на кожата
Дамки бели, црни, кафени
Габици на прстите на нозете
Околу гениталиите
Канцер, мелиген, бениген
Гингивитис, парадентоза
Воспаление на очите
Воспаление на ушите
Внатрешни бактериски инфекции