МК EN
ЗА НАС ПРОДУКТИ УПАТСТВА ПОРАЧКИ КОНТАКТ

КОЛИТРОН колекција

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

КОЛИТРОН колекцијата е составена од сируп, масло за пиење, масло за шприцање, лосион, маст,

НАМЕНА: За лекување: хемороиди, haemorrhoids, колитиси, чир на тенко црево, чир на дебело црево, ulcus ventriculi, ulcus duodeni, желудник, киселини, кила, хернија, stoma hernia, гастритис, gastritis acuta, gastritis chronica, чир на желудникот, хелико бактер пилори, helicobacter pylori, запек, тврда столица, опстипација, констипација.

КОЛИТРОН сирупот има намена за брзо запирање и лекување на воспалителни процеси, крварење, болки, киселини, регулирање на варењето на храната и метаболизмот, за прочистување од штетни и активни вируси и бактерии и намалување на нивната количина и активност во стомачно-цревниот тракт (од желудникот до дебелото црево), и мочните канали. Сирупот се употребува и при внатрешни и надворешни хемороиди за регулирање на работата на желудникот, тенките црева а со тоа и метаболизмот. Кога имате чир на желудникот, на тенкото црево или дебелото црево, постапката за лекување е истата со сирупот и маслото со строга диета.

СОСТАВ: природна ракија 5%, мецерат на билки; ајдучка бела китка – achiliea miliefolium, ајдучка жолта китка – achiliea clypeolata, анасон – impinella anisum, копар – anethum graveolens, чичак – arctium lappa, сусам, смрека – juniperus communis, пелин – artemisia absinthium, мајчина душица – thimus diversae, орев лист - juglans regia, конски опаш – equisetum arvense, пченка – zea mays, кантарион – hipericum perforatum, камшик – argimonia eupatoria, коприва – urtica dioica, цикорија – cichorium intybus, рен – armoracia rusticana, бадем - ammygdalus communis.

ДЕЈСТВО: терапија фитофармакозна, симптоми, синдроми на констипација, опстипација, тенезам, фурункул, фистула, антихеморагија, хемостатика, антиколика, антиколитис, аналгетицно, антисептицно, бактерицидно, лаксативно, пургативно, пурификационо, спазмолитицно.

УПОТРЕБА: 3х2 големи лажици пред јадење.
3х1 голема лажица за деца над 12 години.
Кога го употребувате истовремено и маслото за пиење, да се пие првин од маслото една голема лажица наутро и навечер, а веднаж по тоа сирупот со две големи лажици. Пред секоја употреба размешајте го малку сирупот.

ПРОТИВОДЕЈСТВО: Лица алергични на полен да не го употребуваат сирупот.

КОЛИТРОН маслото за пиење има намена за брзо запирање и лекува0ње на воспалителни процеси, крвавење, болки, за брзо и трајно чистење на киселини, регулирање варењето на храната и метаболизмот, прочистување од штетни и активни вируси и бактерии и намалување на нивната количина и активност во стомачно - цревниот тракт (од желудникот до дебелото црево), и мочните канали.

СОСТАВ: Природен зејтин мецерат на билки; ајдучка бела китка – achiliea miliefolium, мајчина душица – thimus diversae, кантарион – hipericum perforatum, со комплекс на билни екстракти.

УПОТРЕБА: 2х1 голема лажица пред јадење. Да се пие првин од маслото една голема лажица наутро и навечер, а веднаж по тоа сирупот. Маслото се употребува при внатрешни и надворешни хемороиди за регулирање на работата на желудникот, тенките црева а со тоа и метаболизмот.

ДЕЈСТВО: терапија фитофармакозна, симптоми, синдроми на констипација, опстипација, тенезам, фурункул, фистула, антихеморагија, хемостатика, антиколика, антиколитис, аналгетицно, антисептицно, бактерицидно, лаксативно, пургативно, пурификационо, спазмолитицно.

ПРОТИВОДЕЈСТВО: Лица алергични на полен, цветен прав да не го употребуват маслото.

КОЛИТРОН маслото за шрицање во дебелото црево преку анусот има намена за брзо и ефикасно запирање на крвавење и болки во дебелото црево, неговото премачкување,
релаксирање, прочистување и брзо и лесно ослободување од изметот и бактериите. За смирување на воспалените и возбудени ѕидови на дебелото црево и брзо регулирање на запекот, дијареата и растројството. Маслото се употребува само при внатрешни хемороиди. Кога имате чир на дебелото црево, постапката за лекување е истата со маслото за шприцање со строга диета. Маслото за шприцае во дебелото црево се употребува профилактично, повремено, еднаж неделно и од здрави лица кои немат здраствени проблеми за чистење и одржавање на дебелото црево.

СОСТАВ: Природен зејтин мецерат на билки; Ајдучка бела китка – achiliea miliefolium, пелин – artemisia absinthium, кантарион – hipericum perforatum, овчарска торбичка - capsella bursa pastoris, со комплекс на билни екстракти.

УПОТРЕБА: За шприцање на маслото набавете си од аптеките пумпици за клизма. Ако немате пумпица можете да употребите пластичен шприц со надолжување напред со чисто тенко пластично црево од околу 15 см. Пред да ги употребите пумпицата или шприцот подмачкајте го анусниот канал со маста Колитрон или била каква крема и бавно со кругови движења да се придвижи кон дебелото црево. Ако имате крвавење, запек или дијареа да се шприца три пати дневно. Кога ќе се смират тие состојби на крвавење, запек, дијареа да се шрица секоја втора или трета вечер за перење, одржавање, смирување на дебелото црево.Секое шприцање на маслото да биде количински од околу 30-50 мл.

ДЕЈСТВО: терапија фитофармакозна, симптоми, синдроми на констипација, опстипација, тенезам, фурункул, фистула, антихеморагија, хемостатика, антиколика, антиколитис, аналгетицно, антисептицно, бактерицидно, лаксативно, пургативно, пурификационо, спазмолитицно.

ПРОТИВОДЕЈСТВО: Лица алергични на полен да не го употребуват маслото.

КОЛИТРОН лосионот има намена за дезинфекциски профилактично прочистување, стерилно промивање на анусот од вируси, бактерии, маснотија и нечистотии после голема нужда, запирање на болки, крвавење, сврбеж, чешање, со или без надворешни хемороиди.

СОСТАВ: Лосион без алкохол, мецерат на билки: ајдучка бела китка – achiliea miliefolium, мајчина душица – thimus diversae, рен – armoracia rusticana, комплекс на билни екстракти.

НАМЕНА: За затварање на пукнатини и чистење на струпки по анусната кожа. јадеж, болки, крвавење.

УПОТРЕБА: Натопете парче чисто памуче и со него премачкувајте го анусот. Со друго чисто парче памук киснете, тапкајте ги надворешните хемороиди, така брзо ќе се смират, исушат и исчистат. После употребата на лосионот ставете пообилно од маста и ставете поголемо парче памук да не се брише маста од облеката и постелнината. Лосионот е за надворешна употреба на анусниот канал при лекувањето на надворешните хемороиди со соодветните симптоми, тегоби.

ДЕЈСТВО: терапија фитофармакозна, симптоми, синдроми на фурункул, фистула, антихеморагија, хемостатика, антиколика, антиколитис, аналгетицно, антисептицно, бактерицидно, лаксативно, пургативно, пурификационо, спазмолитицно.

ПРОТИВОДЕЈСТВО: Лица алергични на полен да не го употребуват лосионот.

КОЛИТРОН маста има намена за запирање болки, крававење, сврбеж на надворешни хемороиди, за брзо смирување, сушење и лекување на надворешни хемороиди. Маста е само за надворешна употреба на анусниот канал при лекувањето на надворешните хемороиди.

СОСТАВ: Восок, прополис, природно масло, билни екстракт од ајдучка бела китка – achiliea miliefolium.

УПОТРЕБА: После употребата на лосионот ставете со прст обилно од маста во анусниот канал, потоа ставете парче памук да не се брише маста од облеката или постелината. Правете го истиот третман наутро и навечер. Ако сакате брзо да ги исушите, исчистите надворешните хемороиди правете го тој третман на секој два часа. Кога имате внатрешни хемороиди, кои при голема нужда излегуваат надвор, треба после нужда да ги замиете, потсушите, и намачкате со лосионот и маста и да ги повлечете навнатре во дебелото црево.

ДЕЈСТВО: терапија фитофармакозна, симптоми, синдроми на фурункул, фистула, антихеморагија, хемостатика, антиколика, антиколитис, аналгетицно, антисептицно, бактерицидно, лаксативно, пургативно, пурификационо, спазмолитицно.

ПРОТИВОДЕЈСТВО: Лица алергични на полен да не ја употребуваат маста.

НАПОМЕНА: За трајно лекување на горе наведените заболувања потребно е време од 3-4 и повеќе месеци, во зависност од случајот и возраста. За да се спроведе брзо и трајно лекување потребно е спроведување на строга ДИЕТА и нов, правилен РЕЖИМ на живеење, а ако не се спроведува ДИЕТА не ќе може да имате брзо и трајно лекување. Горе наведените хронични заболувања се резултат на некои негативни фактори кои треба да ги остраните како: Неправилна исхрана, недоволно движење, немање на физичка активност, постојано седење дома или професијонално, постојана нервоза и повремени стресови, заболен желудник, нарушен метаболизам и други.

ДИЕТА

Препорачаниот вид на диета не е наменета за слабеење. Диетата е за воздржување од видови на храни кои го оневозможуваат лекувањето, ги предизвикуваат или ги одржуваат воспалителните процеси во стомачниот и цревниот трактат. При поддржувањето на диетата се препорачува да не се консумира алкохолни пијалоци, кафе и да не се пушат цигари. Да не се јаде екстремно јаки храни: многу луто, кисело, благо, горчливо или многу солено. Засолената храна треба да ја јадете со мала доза на сол. Да не се јадат благи храни, течности и плодови, или да се земат во многу мали количини. Блажината од благите храни брзо се предтварат во киселина и ја покачуват киселоста на желудникот. При исхраната да не се употребува: конзервирана храна, сува храна или масна храна. Исто така не е препорачливо да се употребува храна која има лушпи, зашто самите лушпи содржат целулоза која што го оптоварува варењето во желудникот и во цревата притоа нарушувајќи го и самиот метаболизам. Така, плодовите со лушпи како што се јаболката, крушата, грозјето, пиперката, доматот и сите други слични на нив производи треба да се белат, односно да се вадат лушпите пред употреба за исхрана. Се препорачува да не се јадат плодови и зеленчуци што содржат целулозни влакна и тешко се варат, при што тие предизвикуваат извесна возбуда во организмот, а такви се пресна и кисела зелка, краставица, лубеница и други. При исхраната да не се употребуваат ладни течности и ладна храна, зашто тие ги ладат желудникот и цревата и го забавуват варењето на храната. Да не се пијат ладни и газирани течности кои ги вознемируваат желудникот, цревата и мочните канали. Секојдневно да не се јадат големи количини на месо кое е тешко за варене и создава запек на столицата. При јадењето на месо треба да се претпочитува тоа да биде секогаш варено, зашто како такво тоа полесно се вари во желудникот и во цревата. Затоа избегнувајте да јадете пржено или печено месо. Се препорачува во подолг период да не се јаде иста по содржина храна, туку на менито треба да се има разновидна храна. Да не се јадат стари и
застоено приготвени храни или манџи од пред неколку денови, зошто тие помалку прокиснуват и ја покачуват киселоста во желудникот. Да се јаде бавно и подолго да се џвака храната. Да не се пијат многу течности во перидот додека се одвива јадењето, зошто во тој случај доаѓа до разредување на стомачните сокови и киселини задолжени за варењето на храната, при што се забавува варењето на храната. За време на лекувањето доколку почувствувате дека Ви пречи и некоја друга храна што не е наведена во тоа упатство, тогаш запишете си ја дека Ви предизвикува здравствени тегоби и отстранете ја од Вашата исхрана. Кога веќе чувствувате дека здравствената состојба ви е подобрена, веднаш не прекинувајте со диетата, туку продолжете со истата уште една сезона. На тој начин си создавате повисока култура на исхраната применувајќи ги горенаведените правила кои ќе го штитат Вашето здравје. Применувајте строг режим на диета зошто на овој начин постигнувате дополнителен успех на Вашето брзо и трајно лекување од потенцијални заболувања. Во Вашата исхрана може да користите јадење со ориз манџи, компир манџи, готвени супи, разновидни чорби, манџи со месо без зачини, и сл. Можете да јадете свежи салати, но истовремено треба да внимавате продуктите да не содржат целулозни лушпи и влакна, или истите да ги отстранете од нив. Можете да јадете секакви плодови без целулозни лушпи и влакна, а тие да не бидат премногу кисели, благи, горчливи или лути и истовремено да не ви предизвикуваат тешкотии при лекувањето од какво и да е заболување или примена на терапија. Ако во подолг период сте употребувале поголема доза на лекови по количина или по јачина, тогаш тие дополнително предизвикуваат заболување на желудникот и на цревета, а во случајот доаѓа и до пореметување на функцијата на метаболизмот. Ако употребувате таблети за иста намена тогаш можете да ги прекинете, но ако употребувате лекови за други заболувња е пожелно да продолжите со нивната терапија. Сирупот содржи мала доза на алкохол па затоа се препорачува првин да се зема сирупот, а по пола час да се земаат лекарствата. Ако имате многу киселини во желудникот наутро и навечер голтајте по пола голема лажица сув ориз со малку вода. Сувиот ориз набавнува, се раствара и ја упива и чисти киселината. Не употребувајте апчина за киселини зошто го оптоварувате желудникот. Лекот треба да се чува на собна температура до +15°С. Природни органски лекови од Македонија. Македонска традиционална медицина. Лековите се изработуват рачно на традиоционачен начин во мали количини. Лековите се во изработка рачно и лично од Атанас Пчеларски, со повеке генерациска фамилијарна традиција во производството на органски лекови со билни екстракти и пчелни производи и кои се природни чисти. Фамилијарната традиција е Македонска народна традиција, која, во текот на повеке илјадници години колку што е стар, древен Македонскиот народ е создадена неговата Македонска традиционална медицина.

Синуси
Бронхитис, Бронхијална астма
Воспалени крајници, кашлица
Желудник, гастритис, чир
Киселини, кила, хернија
Хелико бактер пилори
Запек, тврда столица
Хемороиди, колитиси
Простата
Бактериски инфекции на мочните канали
Кожни заболувања
Изгоретини, инфекции, рани
Акни, мозолки
Габични инфекции на ноктите
Габична инфекција на кожата
Дамки бели, црни, кафени
Габици на прстите на нозете
Околу гениталиите
Канцер, мелиген, бениген
Гингивитис, парадентоза
Воспаление на очите
Воспаление на ушите
Внатрешни бактериски инфекции