МК EN
ЗА НАС ПРОДУКТИ УПАТСТВА ПОРАЧКИ КОНТАКТ

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

САНДЕРМ маст

СОСТАВ: восок, масло екстракт од цвет од ајдучка бела китка, (achiliea miliefolium). Прополис - природен антибиотик. Природна терапија, унгвентум, фитофармака.

НАМЕНА: За лекување на изгореници од сите степени, инфекции, смрзнатини, кожни воспаленија и заболувања, алергии, херпес, надворешни хемороиди, акни, маесил, егзем, исфрлувања со силно чешање, воспаленија од хемикалии и градежни материјали, убоди од инсекти, при габично спарување, за сува и испукана кожа на лицето, рацете и петиците, за сончање и целосна заштита од сонце. Инфекции на рани, на матката после рагање, при операции, постоперативно брзо зараснување на раните. Маста ја релаксира кожата и не & дава да се оптегнува, собира, грчи и суши при изгореници, инфекции, смрзнатини после операции и не остануваат никави траги, белези врз кожата по третманот.

ДЕЈСТВО: антидерматитис, антиедем, антиегзем, емолиенција, антибактериско, антисептично, антифламаторно, антипруригинозно, антиалергиско, аналгетика, антимикотика, антифлогистика, вулнерарија, антиинфламаторно, антиимпетиго, антиинсолација, антикомбустија, антиконгелација, антисупурацивно, антиторефакција, антитрауми, антифурункул, антифистула. Ја обновува, омекнува и релаксира кожата.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

ИЗГОРЕНИЦИ: При изгореници од сите степени и кога е падната кожата од почетокот со првото ставање од маста се прави на следниот начин. Медицинска стерилизирана газа, крпа, памук со површина колкава што е површината на изгореното место се премачкува со средно дебел слој и полека се поставува на третираното место без да ставате завој врз неа и никако да ја поместувате, влечете, притискате врз раната за да не ја зголемувате болката. Маста да не се нанесува со прст или друго помагало директно на раните, затоа што со секој допир врз нив се надразнуваат и доага до поголема болка. На почетокот, со навлегувањето на маста во раните таа нив ги дезинфицира и ја извлекува температурата, при што ќе се јави болка која ќе трае 1 до 2 часа и потоа постепено ќе се смири болката и ќе престане. Со маста најпрвин се прави дезинфекција и заштитна покривка на третираното место, брзо ја смирува болката, таа ќе исчезне или ќе се појавуваат слаби болки при движење, допир со облека и постелнина, надразнување при допир, брзо ќе се извлече температурата и нема да се јавува локално. Исто така, не треба да се прават завои и да не се става облека или покрива местото со постелнина навечер, да биде слободно да “дише”, со исклучок на медицинска газа или памук што ќе ги ставате. Кога ќе израсне млада кожа, ќе може да се става лесен завој само навечер, а преку ден по потреба, за да се заштити местото ако сте активни, во постојано движење или работа. Кога се поминати повеќе денови од времето на изгорената кожа и се почне со употреба на маста, веќе не се лекува изгореници, туку форма на воспаление или инфекција на кожата и телото. При потешки изгореници е неопходна и клиничка контрола, затоа што тука е и опасноста од високата внатрешна температура која треба да се регулира. Треба да се менуваат газите, крпите, памукот со маста на 5-6 часа, а претходната маст која останува врз третираното место да не се брише од почеток, туку кога ќе се смири раната и ќе дозволува допир, ќе може со салфети и да ја бришете. Маста за 5 до 10 дена создава услови и ја поттикнува брзо појавата на ново ткиво, месо и кожа на оштетеното и третирано место од телото. При сончеви изгореници мачкајте дебел слој и маста брзо ја извлекува температурата, го симнува црвенилото, ја релаксира и отпушта стегнатата кожа и се смирува болката.

ИНФЕКЦИИ: При инфекција на рани мачкајте дебел слој до степен да не се проѕира раната, ако има болка да се намачка дебел слој на памук или стерилна газа, крпа и се поставува врз раната без да се нанесува директно врз неа, бидејќи се надразнува уште повеќе со секој допир и се зголемува болката. При операции од сите видови да се мачка средно дебел слој по завршувањето на операцијата, брзо застанува болката ако ја има, прави дезинфекција и нема да дозволи да се инфицира, брзо го смирува внатре длабочински напонот и воспалението на ткивото и кожата. При инфекција на матката после рагање брзо и лесно се лекува со маста.

ВОСПАЛЕНИЈА: При лесни и средни кожни воспаленија на кожата да се мачка со маста средно дебел слој до целосно заздравување, навечер да се стават облоги со памук или завој. При пресни и стари отворени рани по кожата и телото ставајте дебел слој врз раната до степен да не се проѕира раната. Ако има болка намачкајте парче памук или стерилизирана газа, крпа и поставете на раната,
менувајте ги на 5-6 часа и одржувајте ги раните постојано намачкани со маста деноноќно до целосно заздравување. Ако раните се подлабоко или пошироки по кожата и телото да се земат и внатрешно соодветни лекови против инфекција и побрзо зараснување. При херпес, кога почнува да се јавува и излегува на површината на кожата со познатите симптоми на силен србеж и втрднување на кожата веднаж да се намачка местото со маста дебел слој и ќе се прекине процесот на натамошно излегување, појавување на херпесот. Кога херпесот ќе се појави на кожата ставајте од маста дебел слој до степен да не се проѕира. Или ставајте дебел слој од маста на памук или стерилизирана газа, крпа и поставувајте врз заболеното место. Никогаш не го стискајте или чепкајте херпесот независно во која фаза на појава и заздравуање и да се наога. Кога ќе се појават акни, доколку се со силно воспаление до инфекција на кожата акните се со големи црвени кругови, тврди при допирање и поткожно да се мачка со маста дебел слој врз нив до степен да не се проѕираат, гледаат и така се држи маста дневно од 1 до 10 часа. Акните не треба да се стискаат, и тоа особено поткожните, зашто настанува перфорирање, дупчење на кожата, со отворање на рана која не зараснува долго време, а во зависност од кожата остануваат мали дупчиња и се деформира кожата. При полесно воспаление на кожата од акни, кога нема црвени кругови или се ситни, површински да се мачка средно дебел слој и така се држи од 3 до 5 часа дневно. Акните не треба да се стискаат независно во кој стадиум на зреење се наогаат, бидејќи при секое стискање се собира нечиста крв околу неа под кожата, а таа е подлога за создавање на други акни. Кога ќе исчезнат за неколку денови акните кои се полесно или потешко воспаление на кожата веќе треба да се прави маска на лицето или се мачка со средно дебел слој целата површина на лицето или телото кое се третира и така се држи преку ден од 1 до 5 часа дневно во период од 1 до 3 месеци и повеќе во зависност од случајот, за да може да се смири длабочински кожата и веќе нема да се создаваат и излегуваат акни. Кога третираната кожа е масна и има нечистотии треба да се измие со неактивни сапуни или шампони и пред и по употребата да се исчисти маснотијата. На создавањето и одржувањето на акните влијаат и негативните фактори кои треба да се елиминираат како храната кога е многу мрсна и силно зачинета, нервозата, внатрешната напнатост, силната пубертетска полова возбуденост, нерегулиран менструален циклус, нехигиената и други. Фирмата има и посебна колекција за трајно лекување на акни под име АКНИФИН која содржи сируп, лосион, лосион тоник, тоник, крема, маст, масло. При убоди од инсекти веднаж на местото на убодот ставете дебел слој од маста, ќе се неутрализира веднаж и нема да се појави оток, црвенило и србеш, кога веќе ќе се појават тие симптоми на ист начин третирајте и за кратко време ќе ги неутрализира маста. При кожни лесни и средни воспаленија со исфрлувања од алергија надворешно на кожата со црвени дамки со србеш или без србеш. Сите тие последици од алергии брзо ќе се совладаат од маста со тенок слој, а при рани, пукнатини и мозолчиња да се става дебел слој до степен да не се проѕират, гледаат. При кожни воспаленија и иритирање на кожата од градежни материјали како вар, тули, цемент, инертен прав и други материјали од кои има отворени рани, мачкајте дебел слој, до степен да не се проѕираат раните, кога има црвени дамки или е испукана кожата мачкајте тенок слој до целосно оздравување. При кожни воспаленија со отворени рани, црвенило или испукана кожа од хемикалии како детергенти, прашоци, киселини, нафтени деривати, како и од воени борбени хемикалии мачкајте дебел слој, при отворени рани и по тенок слој при црвени дамки или испукана кожа до целосно оздравување. Во студените сезони пресни или стари рани изложени на пониски температури се инфицираат од ниските температури или бавно зараснуваат кој процес ќе го забрзате и успешно завршите со употребата на маста ставена на памук и со соодветен завој врз нив. При лекување на фистула по кожата која е отворен подлабок канал на истекување на слуз или гној кој се јавува при длабоки рани кои бавно зараснуват или при хируршки зафати кога имало подолготраен длабок воспалителен процес. Да се намачка дебел слој од маста на памук и се става врз фистулата за преку ден. Навечер, пак, пред спиење да се става пресен лист од зелка на отворот на фистулата кој ќе ја извлече длабочински. Продолжете ја така терапијата до целосното излекување.

КОЖНИ ЗАБОЛУВАЊА: При псоријаза маста ја релаксира, ја опушта и омекнува заболената кожа, го запира србежот, крвавењето и ги затвора отворените пукнатини, но не ја лекува целосно псоријазата. При егзем, маасил мачкајте непрекинато средно дебел слој до целосно оздравување. При големи пукнатини на кожата на петиците мачкајте дебел слој да се исполни пукнатината и да се покрие површински заболеното место до целосно оздравување.

КОЖНИ АЛЕРГИИ: При кожни исфрлувања, со или без отворени рани и воспаленија на кожата намачкајте подебел слој на раните и потенок на црвените места. Маста ги лекува последиците од алергиите како кожни исфрлувања со рани и воспаленија со црвени дамки, србеж, но не и самата алергија.

КОЖНИ ГАБИЧКИ: При спарување на кожата и лесни воспаленија околу гениталиите, мегу прстите на нозете и на стапалата, кај бебиња од мочка и иритирање на нивната многу нежна кожа од синтетичка облека и постелнина намачкајте тенок слој до целосно оздравување. При кожни габички по лицето, вратот, рацете, стомакот, грбот, гениталиите или мегу прстите на нозете кои се манифестираат со појавата на дамки со црвена, кафена, црна или бела боја, со србеж или без србеж, со лупење на кожата или без лупење, со пукнатини до крвавење, со исфрлување на мали мозолчиња кои се карактеристични по тоа што предизвикуваат многу силен србеж и при стискање испуштаат бела течност, водичка а не крв, да се мачкаат заболените места постојано со маста. При спарување на прстите на нозете поради кое доага до појава на поголемо љупење на поголеми парчиња заболена кожа и со силен и непрекинат србеж мачкајте со маста постојано. При габичните инфекции кои се карактеризираат само со појавата на мали или поголеми суви дамки бели, црвени, кафени, црни се длабоко во порите на кожата и со маста може да се уништат површински, но не можат да се извадат од порите на кожата, а за таа намена се употребува и лосионот ФЛАМОЛИН. При габична инфекција околу гениталиите, при употребата на маста ако доага до поголемо црвенило и посилен србеж треба да се знае дека во таквите случаи габичките се хранат од маста и с# повеќе се активираат и како претходничка на маста треба да го употребите лосионот ФЛАМОЛИН или само лосионот без маста ако продолжи да го прави истиот ефект. Треба да се знае дека габичките се множат на база на топлина и влага, затоа при лекувањето е потребно да се одржува заболеното место што по суво, да не се мие често, за да не се множи габичката. При лекувањето на габичните инфекции да се менуваат почесто долната облека и постелнината и да се вријат со топла вода и детергенти.

НЕГА НА КОЖАТА: При сува и испукана кожа на лице, усни, раце, петици и телото за бебиња, деца и возрасни мачкајте редовно како дневна и ноќна крема за нега на кожата.

ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ: За целосна тотална заштита од сонце при сончање на плажа, патување, планинарење, работа, играње на деца на сонце за сите возрасти мачкајте тенок слој до изразит блесок секаде каде што сакате да ја заштитите кожата. Вашите мали деца многу сакаат да играт голи на сонце, а сонцето е голем непријател на нежната детска кожа, целосно ќе ги заштите со премачкување на целото тело и слободно можат да играат на сонце и да се внимава да не се брише маста од допири со други лица, предмети, облека, постелнина или мие при капење. Ќе се вцрвени кожата изложена на сонце со маста од силното зрачење, а тој ефект не треба да ве загрижува затоа што при краток престој на сенка црвенилото ќе исчезне. Кога незаштитени лица веќе имаат добиено сончеви изгореници намачкајте дебел слој и маста за 2 до 4 часа првин ја извлекува температурата, ја релаксира и опушта стегнатата кожа, ја смирува болкта, го симнува црвенилото.

ПРЕВЕНТИВНА ЗАШТИТА: При завршувањето на секоја операција, породување, за пресни и стари рани премачкувајте со маста и ќе се спречи инфекција и воспаление. Лица кои работат и се во постојан допир со детергенти, хемикалии, деривати, градежни материјали, по завршувањето со работата треба да ги измијат и потсушат рацете или деловите од телото изложени на допир и да се намачкаат со маста, па нема да доага до воспаленија и отварање на рани, србеж. Заради превентива заштита на нежната бебешка и детска кожа од воспаленија и иритирање од мочка, синтетичка облека и постелнина и надворешни материјали мачкајте тенок слој на ризичните места од кожата. Набавете и имајте ја како превентива маста во вашиот дом, на работното место, при патување, за заштита и престој на сонце, зашто не знаете кога ќе ви затреба.

НАПОМЕНА: Да не се употребува маста САНДЕРМ заедно со други масти или течности за испирање на раните, маста треба да се употребува самостојно. Ако имате претходно употребувано некоја друга маст, доколку раната дозволува и нема болка на допир, избришете ја внимателно со чисти салфети и ставете од маста САНДЕРМ. Во случаите на температура и на кожни инфекции истовремено можат да се земаат внатрешно и соодветни антибиотици или други лекови. При изгореници од сите степени, кога ќе зараснат раните и ќе се појави млада кожа, не прекинувајте со употребата на маста с# до оној момент кога младата кожа не добие иста боја со другата кожа, зашто ако ја оставите сува новата кожа од изгореници или настанува стегање, собирање на кожата и ќе останат траги, белези. Затоа продолжете да ја мачкате младата црвена кожа с# дотогаш додека не ја добие истата боја со другата кожа. При изгореници и операции на кожата таа се оптегнува, собира, грчи, суши и деформира и ако зарасне така настануваат белези и траги, со употребата на маста кожата се релаксира, се одржува постојано опуштена и нема да останат траги. При зараснувањето на раните по операции со употребата на надворешни оперативни конци на кожата во постоперативниот период на лекување да не се прекинува употребата на маста во третирањето на раните с# додека не добие новата млада кожа иста боја со другата кожа и нема да останат никакви траги, белези од раните и конците. Маста се брише лесно со салфети и мие со шампони и сапуни за тело. Да се чуваат облеката и постелнината од маста, зашто таа остава дамки на истите. Датумот на производство и рок на употреба се дадени на пакувањето на маста. Да се чува на собна температура.

ПРОТИВДЕЈСТВО: Алергични на цветен прав, полен да не ја употребуват маста.

Синуси
Бронхитис, Бронхијална астма
Воспалени крајници, кашлица
Желудник, гастритис, чир
Киселини, кила, хернија
Хелико бактер пилори
Запек, тврда столица
Хемороиди, колитиси
Простата
Бактериски инфекции на мочните канали
Кожни заболувања
Изгоретини, инфекции, рани
Акни, мозолки
Габични инфекции на ноктите
Габична инфекција на кожата
Дамки бели, црни, кафени
Габици на прстите на нозете
Околу гениталиите
Канцер, мелиген, бениген
Гингивитис, парадентоза
Воспаление на очите
Воспаление на ушите
Внатрешни бактериски инфекции